Американскиот Стејт департмент објави дека компаниите, кои учествуваат во изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, мораат да го прекинат учеството во проектот, доколку не сакаат да бидат погодени од санкции.
„Стејт департментот повторно предупредува дека секоја компанија што учествува во изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ризикува да биде под санкции на САД“, се вели во изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Тој ги повика тие компании „веднаш да престанат да работат“ на тој проект.
„Како што рече претседателот на Соединетите држави, „Северен поток 2“ е лоша зделка за Германија, Украина и за нашите сојузници и партнери во Централна и Источна Европа“, додаде Блинкен.
Според него, „Северен тек 2“ треба да се смета за „геополитички проект на Русија, насочен кон поделба на Европа и ослабување на европската енергетска безбедност“.
Соединетите држави, кои сакаат да го продадат својот течен природен гас на ЕУ, активно се борат против изградбата на гасоводот „Северен тек 2“. САД воведоа санкции за гасоводот во декември 2019 година. Руската страна постојано изјавуваше дека проектот е апсолутно комерцијален и конкурентен и посочи дека не подразбира прекинување на транзитот на руски гас преку Украина кон ЕУ.