СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Италија: Сите вработени во Амазон штрајкуваат

За прв пат во светот, сите вработени во целиот ланец на производство на Амазон во Италија стапија во генерален штрајк што ќе трае 24 часа, пишува весникот ИЛ Фато Котидијано.

Кон клиентите се апелира да не порачуваат или купуваат ништо преку Амазон денес.

Вработените бараат намалување на ритамот на работа, наведувајќи дека се третираат како роботи, цитира весникот изјава од еден вработен. Сите вработени штрајкуваат, без оглед дали се работи за работници во Амазон или компании кои имаат договори со главниот работодавач.

Доменико, кој пратките ги доставува со камион, вели дека штрајкуваат затоа што повеќе нема да бидат „робови на алгоритмите“.

Алгоритам е математички израз, но се користи за планирање на работа и испорака и не ги зема предвид околностите, како што се застојот во сообраќајот поради невреме или несреќи.

За „алгоритмот“, тврди Доменико, улиците се секогаш чисти, проодни и без пречки пратката да биде доставена во договореното време, а ритамот на работа е таков што испорачува по еден пакет на секои три минути во текот на работното време. Истиот ритам на работа е и во магацините, каде што луѓето работат навечер и најмногу што успеваат да заработат е 1.200 евра, тврди Доменико.

За прв пат, синдикатите кои претставуваат различни категории вработени успеаја да се договорат и да организираат штрајк на работниците од целиот ланец на производство.

Поврзани вести

Бафет: Коронавирусот е „страшна работа“, но сега е време да се купуваат акции

msp-admin

Смедеревка и Розе отсега и во полулитарска амбалажа

msp-admin

Нема најави за отпуштање на вработени кај странските инвеститори, информира дирекцијата за ТИРЗ

msp-admin