СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европа: Сè помалку плаќање со банкноти, но и се повеќе во оптек

Иако Европејците се повеќе посегнуваат по дебитна картичка или телефон за да плаќаат за набавки, побарувачката за банкноти и монети во еврозоната е во подем – а пандемијата дури ја забрзува оваа тенденција, според Европската централна банка.

Иако банкнотите и монетите се користат сè помалку во секојдневните трансакции, вредноста на готовината во оптек е скоро двојно поголема во последната деценија, рече банката во својот најнов билтен, цитиран од „Блумберг“.

Таканаречениот „парадокс на банкноти“ се објаснува со два фактора: побарувачката на еврото надвор од еврозоната, како и заштедите „под душек“ на Европејците. До крајот на 2020 година циркулираат банкноти во вредност од над 1,4 трилиони евра, што е зголемување за 11% за една година.

Сепак, податоците покажуваат дека само една петтина се користи за трансакции. Истражувањата покажуваат дека помеѓу 30 и 50% од вредноста на банкнотите во оптек е надвор од еврозоната – најчесто во земјиte во развој со неразвиена платежна инфраструктура и недостаток на можности за заштеда, вклучително и поради нестабилна валута.

Останатите се физички складирани од домаќинства, компании и банки. Друга студија покажува дека една третина од домаќинствата во еврозоната чуваат банкноти дома во 2019 година – најчесто мали количини, но понекогаш и над 10.000 евра.

Поголемата побарувачка за банкноти во кризната година 2020 година може да се спореди само со побарувачката по распадот на „Lehman Brothers“ во 2008 година.

„Како и со другите кризи, зголемувањето на побарувачката за готовина е предизвикано од претпазливост“, рече ЕЦБ.

Поврзани вести

Како казната од 2,8 милијарди долари донесе раст на „Alibaba“ за 40 милијарди?

Влатко Зорба

Вештачката интелигенција има потреба од нови правила, велат од Google

msp-admin

Централната банка на Германија предвидува нагло опаѓање на економијата

Влатко Зорба