СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија од 1 април ги обновува летовите со шест земји

Русија ќе ги обнови воздушните врски со шест земји, вклучувајќи ја и Германија, од 1 април, откако ги суспендираше во голема мера со цел да го запре ширењето на коронавирусот, соопшти денеска руската влада.

„Одлучено е од 1 април, на реципрочна основа, да бидат обновени редовните воздушни врски со Венецуела, Сирија, Таџикистан, Узбекистан и Шри Ланка, како и со Германија“, се вели во соопштението на владата.

Редовните летови ќе се вршат двапати неделно помеѓу Москва и Каракас и еднаш неделно меѓу Москва и Дамаск. Сепак, руските граници остануваат затворени, освен за многу ограничени исклучоци.

Редовните летови кон Германија ќе се вршат неколку пати неделно од Москва и Санкт Петербург до Франкфурт и Берлин, додаде руската влада.

Русија, која досега официјално евидентирала повеќе од 4,4 милиони случаи на коронавирус и над 96.000 смртни случаи, досега одобри три вакцини за коронавирус и смета дека нејзината кампања за масовна вакцинација, која започна во јануари, ќе има позитивно влијание врз борбата против епидемијата.

Поврзани вести

Германскиот производител на камиони МАН најавува отпуштање на 9.500 луѓе

msp-admin

Девет членки на ЕУ до Европската комисија: Одредете рок за забрана за бензински и дизел возила

Влатко Зорба

ЕУ плаќа повисоки сметки за струја, Македонија ја очекува одлуката следната недела

msp-admin