СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

БАУ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка

Воспоставување меѓусебна соработка, промовирање услуги и идентификување на потенцијални ИКТ компании за развој на сопствени производи и услуги со поддршка предвидува потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Бизнис акцелераторот УКИМ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Бизнис акцелераторот УКИМ ќе им помага на членките на МАСИТ да ги дефинираат и развијат своите производи и услуги. „Идеите, производите и услугите што ги продуцираат ИКТ компаниите се многу важни за целото општество и генерално, за целиот свет. Токму поради ова, како БАУ, ќе ги поддржуваме нивните активности во процесот на развој на нови производи и услуги, ќе ги информираме за сите потенцијални можности за соработка и ќе ги советуваме компаниите во иновативниот процес“, објаснува Александар Стамболиев, извршен директор на Бизнис Акцелераторот УКИМ.

Меѓусебната соработка, дефинирана во Меморандумот, ќе придонесе кон можност македонските ИКТ компании да учествуваат на настани организирани од страна на Акцелераторот УКИМ за да се информираат за можностите и програмите за развој на сопствен производ и/или услуга; да учествуваат во проценка на потенцијалот на нивните компании и на нивните технолошки бизнис идеи од страна на Акцелераторот УКИМ; да добијат советодавни услуги за различни аспекти од деловното работење, преку поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат да ја развијат нивната идеја; и да иницираат проектии од заеднички интерес.

Акцелераторот УКИМ и МАСИТ се обврзуваат да одржуваат и продлабочуваат соработка и заедничко поврзување за осовременување и спроведување на заедничките активности.

„Време е да почнеме да го препознавме и почнеме да го искористуваме домашниот иновативен потенцијал. За таа цел го организираме првиот едукативен вебинар на 30 март 2021 година на тема: Innovating from within: на кои се начини големите и традиционални компании можат да се “преродат” и да почнат да работат на нови продукти и сервиси. Со воспоставувањето на оваа соработка, стартапите и постоечките компании, ќе имаат можност да се запознаат со различни форми и модели на соработка, а дел од нив ќе можат да се профилираат во полето на корпоративни иновации. Дополнително, градењето на “value chain – ot” со што е можно поголем број на домашни добавувачи е предизвик за кој заедно со Акцелераторот УКИМ ќе работиме во периодот кој следи. Првиот едукативен вебинар и следните настани се наменет за сите чинители во ИКТ еко-системот во нашата земја“, објаснува Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ.

Говорник на првиот едукативен вебинар ќе биде Петер Колесар, Партнер за иновации, стартапи, екосистем и политики во Цивита, кој ќе говори за фазите во процесот на иновација, формите на понатамошен развој на новите производи и услуги преку формирање на стартапи и спинофи, како и предностите од обезбедување на дополнителни инвестиции во фазата на развој на иновативните производи и услуги со потенцијал за развој на глобалниот пазар.

Поврзани вести

Кој може, а кој не може да оствари право на паричен надоместок

Stefanija Kuzmanovska

Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра: Ќе се отворат маркети во Скопје и во уште седум градови

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Еднаш бевме покрадени од организираната кражба на нашите депозити, сега повторно сме покрадени во стечајната постапка

Влатко Зорба