СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Протекоа детали за евтиниот модел на iPhone

Среде минатогодишната пандемија, Apple воведе нова генерација на уреди со iPhone SE кои внесоа нова и модерна технологија и хардвер на стариот дизајн и се покажаа доста популарни меѓу корисниците.

Главната причина за тоа, како и со претходниот модел SE, е цената, бидејќи тоа е најевтиниот модел на iPhone.

Паралелно со новата генерација на iPhone што ќе биде претставена оваа година, дизајнерите и инженерите на Apple развиваат и нов модел од SE серијата, кој, според најновите информации, можеме да го очекуваме дури во 2022 година.

Она што скоро сигурно ќе ги разочара љубителите на Apple уредите, е тоа што новиот iPhone SE веројатно нема многу да се разликува во дизајнот од ланскиот.

Сè уште треба да има LCD наместо OLED што се користи во новите телефони, со дијагонала од 4,7 инчи, пренесува Zimo.

Исто така, новиот SE нема да има „notch“, туку камерата ќе биде поставена во горниот дел над екранот, како кај постарите модели. Новина што треба да ја очекуваме, а која дефинитивно треба да се спомене, е поддршката за 5G мрежата.

Значителни промени во моделот iPhone SE ќе можат да се видат едвај во 2023 година, кога се очекува екран од 6,1 инчи, како и предна камера сместена во екранот.

Поврзани вести

Хибриден камион на Daimler ќе поминува над 1.000 км со еден резервоар водород

Влатко Зорба

Се појавија целосните карактеристики на Samsung Galaxy Note10 Lite

msp-admin

Епл и Гугл развиваат апликација за да ги пронајдат заразените со коронавирус

msp-admin