TiMi Studios, сопственост на групацијата Tencent, најверојатно стана најголемиот развивач на игри во светот, пренесе Ројтерс.
Минатата недела, Tencent објави дека во 2020 година, компанијата заработила околу 23,7 милијарди долари од продажба преку Интернет, а се претпоставува дека TiMi е одговорен за околу 40 проценти од таа сума, додека на второто место се Lightspeed и Quantum, развивачи на PUBG Mobile, со околу 29 проценти.
Компанијата не објавува попрецизни податоци, бидејќи студијата во рамки на компанијата се натпреваруваат едни со други и работат независно едни од други.
Доколку овие наводи се точни, TiMi Studios стана најголемиот развивач на игри во светот со заработка од околу 10 милијарди долари во претходната година. Таквиот ненадеен раст не е невозможен, бидејќи студиото развива неверојатно популарни мобилни наслови како Honor of Kings и Call of Duty Mobile.
Благодарение на глобалниот раст на интересот за игри, сосема е можно тие да успеале да забележат таков резултат, што сведочи за растечката експанзија и профитабилност на пазарот на мобилни игри. Ова само ја потврдува доминацијата на Tencent како најголем издавач на видео игри во светот.
Оттаму планираат да се прошират на вториот по големина пазар за игри – САД. Две студија во моментов се во изградба во Лос Анџелес, едното за TiMi и другото за Lightspeed и Quantum, со цел наскоро да започнат да прават игри со уште поголема глобална поставеност.
Покрај ова, Tencent има удел во голем број глобални компании за игри и долго време е лидер во областа на адаптација на наслови на компјутер и конзолни наслови за мобилни уреди.
Tencent досега не ги потврди или негираше овие информации.