СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

После „Белград на вода“, „Eagle Hills“ инвестира и во Хрватска

„Eagle Hills Real Estate“ купи 69,7% од акциите на хотелите „Sunce“ од семејството Андабак, создавајќи обврска да објави понуда за преземање, објавија хрватските медиуми.

Станува збор за компанија поддржана од групацијата „Eagle Hills“ од Обединетите Арапски Емирати, предводена од Мохамед Али Рашид Алабар, познат по проектот „Белград на вода“, кој е во фаза на изградба.

Загребската филијала на „Eagle Hills“, која се занимава со развој и инвестиции во недвижнини за мешана намена, од угостителски, станбени, комерцијални и здравствени активности, е основана во јули 2019 година.

Претприемачот Алабар (63) од ОАЕ е исто така основач на „Emaar Properties“, една од најголемите градежни компании во светот со годишен обрт од шест милијарди долари.

Поврзани вести

За 3 месеци, 618.000 луѓе останале без работа во Германија

msp-admin

Јацек Олчак е нов генерален директор на Филип Морис Интернешнл

Основачот на Spotify ќе инвестира една милијарда евра во европски стартапи

msp-admin