СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Велика Британија останува најголем купувач на руско злато

Податоците на Руската федерална царинска управа покажуваат дека извозот на руско злато скокнал за 220% на годишно ниво на 26,5 тони во март, достигнувајќи вредност од скоро 1,5 милијарди долари.

Извозот на овој благороден метал бил 2,3 пати поголем во март од претходниот месец, пренесе „РТ“, повикувајќи се на податоци од царината.

Велика Британија останува најголем купувач на руско злато, со откупени 21,1 тон во вредност од 1,2 милијарди долари.

Сепак, од податоците не е јасно дали откупеното злато ќе остане во Велика Британија или ќе се продава на други земји, бидејќи Лондон е важен светски центар за трговија и складирање на благородни метали.

Според статистичките податоци, околу 1,5 тони руско злато биле извезени во Турција и Индија, а меѓу купувачите на „жолт“ метал од Русија биле Казахстан, Швајцарија, Ерменија и други земји.

Вкупно, извозот на руско злато во првиот квартал од 2021 година изнесува 51,8 тони и вредеше 3,0 милијарди долари. Што се однесува до количината, тоа е зголемување за 72 проценти во споредба со истиот период во 2020 година.

Поврзани вести

ОИЕ ги намалуваат емисиите, но создаваат и проблеми со животната средина

Влатко Зорба

САД: Отворени 1,8 милиони нови работни места во јули

msp-admin

Apple и Google ја отстранија Fortnite од онлајн продавниците

msp-admin