СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Мајкрософт ги поддржа европските медиуми против технолошките гиганти

Мајкрософт ги здружува силите со издавачите во Европа, повикувајќи на законодавство во австралиски стил, за да ги принуди технолошките платформи како Гугл и Фејсбук да плаќаат новински организации за содржина.

Компанијата во понеделникот соопшти дека ќе ги здружи силите со групите на медиумската индустрија, како што е Европскиот совет на издавачи, за да лобираат за политика што сега ја разгледуваат законодавците ширум светот, пренесува Си-Ен-Ен Бизнис.

„Го поздравуваме признавањето на Мајкрософт за вредноста, која ја носи нашата содржина за основната дејност на пребарувачите и социјалните медиуми“, рече претседателот на Советот на европски издавачи, Кристијан Ван Тило во изјавата.

Австралиската влада се залага за законодавство што ќе им овозможи на некои медиуми да се договараат со технолошките компании за да можат да добијат плата за да ги шират вестите што ги произведуваат. Двете страни ќе влезат во арбитража доколку не успеат да постигнат договор.

Минатата недела, Фејсбук направи невиден потег да го блокира споделувањето или прегледувањето на врски со вести во и надвор од Австралија. Но, во понеделникот вечерта, американскиот технолошки гигант соопшти дека склучил договор со австралиската влада што ќе им овозможи на потрошувачите и издавачите во земјата повторно да споделуваат и прегледуваат линкови до написи за вести на социјалните мрежи.

Европската унија и Соединетите држави се соочуваат со зголемен притисок да усвојат такви мерки. Канадската влада соопшти дека планира да воведе слично законодавство во наредните месеци.

Мајкрософт, кој е сопственик на пребарувачот Бинг, изрази поддршка за австралискиот закон и е посветен на одржување на своите услуги во земјата доколку стапи на сила, гледајќи шанса да му го украде уделот на пазарот од ривалот Гугл.

„Тоа беше можност да се комбинираат добриот бизнис со добрата цел“, рече претседателот Бред Смит во објавата на блогот претходно овој месец.

Компанијата соопшти дека ќе поддржува слични мерки во други земји, вклучително и во Европската унија, каде што политичарите разговараат за нови закони што ќе ја преземат моќта на големите технолошки компании.

Комесарот на ЕУ, Маргрет Вестагер, оваа недела се консултира за законодавството со европратениците.

Новите закони за авторски права во Европа бараат од пребарувачите и платформите за социјални медиуми да споделуваат приходи со издавачи доколку покажуваат содржина. Но, европските издавачи и Мајкрософт сакаат лидерите да воведат „дополнителни регулаторни мерки“ за да осигурат дека издавачите имаат моќ да преговараат.

Некои француски издавачи потпишаа договор со Гугл, но без арбитражен механизам, тие стравуваат дека печатот „можеби нема економска моќ да преговара за фер и избалансирани договори со овие технолошки компании, кои инаку би можеле да се заканат со повлекување или излегување целосно од преговорите“, се вели во соопштението за печатот во понеделникот.

„Пристапот до свежо, широко и длабинско медиумско покривање е од клучно значење за успехот на нашите демократии“, рече потпретседателот на Мајкрософт, Каспер Клинге.

Поврзани вести

Додека короната затвора бизнси ширум светот, „Голдман Сакс“ постигнува историски успеси на пазарот

msp-admin

Недевска: Целта ни е клиентите да знаат дека сме компанија на која може да ѝ веруваат уште од првиот контакт

msp-admin

Кварталната добивка на „Алибаба“ се зголеми за 52%, но инвеститорите остануваат загрижени

Влатко Зорба