СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

HSBC со пад на профитот од 34% во 2020 година

Една од најголемите светски банки, лондонската HSBC, ги објави финансиските резултати за 2020 година. Добивката пред оданочување падна за 34 проценти на 8,78 милијарди долари. Сепак, тоа е малку поголема сума отколку што првично се надеваа инвеститорите. Банката и покрај тоа исплати дивиденда од 15 центи по акција.

HSBC генерира огромен удел на приходи во Азија, што е разбирливо со оглед на тоа што е основана во 1865 година во Хонг Конг под британска администрација и дека беше преименувана во холдинг од страна на Хонг Конг и Шангајската банкарска корпорација во 1991 година. HSBC останува, технички гледано, најголемата европска банка во однос на локацијата на своето седиште, иако средствата со кои располага претежно доаѓаат од Азија. И покрај падот на профитот од 34 проценти, годишната заработка е 50,43 милијарди долари, што е за 10 проценти помалку од 2019 година.

Покрај ситуацијата поврзана со пандемијата на коронавирусот, работењето на банката во последно време не е фаворизирано од постојаниот конфликт меѓу сè помоќната Кина и економскиот Запад. Додека европските и американските претставници го обвинуваат раководството на HSBC за помагање на кинеските власти во борбата против неистомислениците во Хонг Конг и сервисирање на парите на големите компании од Кина кои се блиски до режимот, истовремено и политичари од најнаселената земја во светот сè уште не гледа позитивно на банката, со оглед на нејзиното потекло и врски со седиштето во Лондон.

Од овие причини, аналитичарите од Си-Ен-Би-Си веруваат дека HSBC, кој и да преовлада во оваа „војна“, на крајот ќе настрада. Едноставно кажано, деловниот модел изграден како мост помеѓу Исток и Запад не функционира како што беше предвидено во овој историски момент.

Банката навистина има само две опции – или да го насочи фокусот од поранешното седиште во Хонг Конг, кон Кина (што ќе предизвика нови негативни реакции од САД), или да молчи и да не прави ништо додека Америка и Кина не ги средат нивните разлики, а за тоа време да трпи понатамошен пад на профитот, неповрзан со корона-кризата.

Интересно е што вредноста на акциите на HSBC на берзата во Хонг Конг, според објавата на најновите резултати, всушност се зголеми за пет проценти. Причината за ова е што претходните очекувања на инвеститорите за остварената добивка и профит, всушност беа уште поконзервативни, а најавените износи беа поздравени како знак на оптимизам.

Поврзани вести

Софтверски проблем во Golf 8

Влатко Зорба

Маск веќе размислува на кого да ги подари парите

Влатко Зорба

„Одбројува“ темпирана бомба од стечаи во светот

msp-admin