СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Airbnb излезе на берза – вреди двапати повеќе од Marriott

По првиот ден на тргување на берзата, вредноста на Airbnb е повеќе од 86 милијарди долари, што е неверојатна бројка со оглед на тоа што живееме во време на пандемија, а туризмот е една од најпогодените индустрии.

Компанијата, основана пред 12 години, веќе некое време се подготвуваше за иницијална јавна понуда, а иако заразата на коронавирусот го одложи излегувањето на берза, извршниот директор на компанијата, Брајан Чески сепак се одлучи на тој потег и тоа се покажа како одлична одлука.

На првиот ден од тргувањето, цената на акцијата порасна за неверојатни 112%, а додека претходно пазарната вредност на компанијата беше околу 30 милијарди долари, сега се приближува до бројка од 100 милијарди.

Во првата половина годинава ретко кој можеше да биде оптимистичен. Луѓето ширум светот престанаа да патуваат и бизнисот со изнајмување станови и куќи застана во место. Airbnb мораше да отпушти околу 1.900 вработени. Сепак, со постепеното отворање на земјите луѓето полека почнаа да патуваат и многумина избираа сместување преку Airbnb наместо во хотели. Исто така, поради работењето од дома, многумина ги напуштија големите градови и поминуваат повеќе време на мирни дестинации во сместувачки капацитети кои се изнајмуваат најчесто преку Airbnb.

Кога ќе почне масовната вакцинација се очекува и повторно зголемување на патувањата. Со моменталната пазарна вредност од 86 милијарди долари Airbnb ја надмина вредноста на Booking и е неколкупати повреден од Expediа. Исто така, двапати е повреден од најголемиот хотелски ланец во светот, Marriott, којшто вреди нешто повеќе од 42 милијарди долари.

Поврзани вести

Директор одбил 97% од луѓето кои се пријавиле на оглас за работа, а еве зошто

msp-admin

Организирање на отстранување на отпадот е клучно за земјата

msp-admin

Apple ја врати круната на пазарот на паметни телефони

Влатко Зорба