СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Виртуелни дијаманти – чинат колку и реалните

Уметник создаде збир на виртуелни дијаманти – кои чинат колку и реалните.

Тие се продаваат на новиот NFT пазар кој е во пораст, каде предмети како дигитална уметност, па дури и модни предмети се продаваат преку Интернет за криптовалута етер.

Дигиталните дијаманти се опишани како „најретки од сите крипто инвестиции“.

Постојат само 100 уникатни колекционерски предмети со доказ за сопственост.

Тие беа создадени од њујоршкиот уметник Себастијан Еразуриз, кој основаше продажна компанија наречена Digital Diamond.

Портпарол на компанијата изјави дека тоа е првата компанија за дигитални дијаманти по цена на вистински дијаманти.

Еразуриз го користи „лудилото“ на NFT за да започне два масивни, а сепак вештачки пазари – за дијаманти и уметност.

Поврзани вести

GTA V испорачанa во над 140 милиони примероци

Влатко Зорба

„Кинескиот крал“ претстави еден од најмоќните телефони за 2021 година

Влатко Зорба

ЕУ ќе формира заедничката сајбер единица за справување со зголемениот онлајн криминал

Stefanija Kuzmanovska