СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најголемата европска банка одлучи: Работа од дома за 1.200 вработени засекогаш

Најголемата европска банка HSBC одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. Според Ројтерс, ова е еден од најсилните индикатори за тоа како банките се прилагодуваат на промените во начинот на работа на вработените за време на пандемијата, како и на намалувањето на трошоците.

Околу 70 проценти од 1.800 вработени во кол-центрите на банката со седиште во Англија, Велс и Шкотска објавија дека не сакаат никогаш да се вратат во канцелариите, соопшти „Unite“, еден од најголемите британски синдикати.

Ваквите промени можат да доведат до грижи за социјалната помош на долг рок, доколку не се управуваат правилно, соопшти синдикатот.

„Разговараме со колегите од контакт центарот кои им служат на клиентите во банката за начините на кои можеме да понудиме флексибилност на работното место, истовремено осигурувајќи дека ќе бидат исполнети потребите на нашите клиенти. Овие дискусии продолжуваат“, рече портпаролот на HSBC

Според „Unite“, HSBC им понудил на вработените 300 фунти годишно (414,75 американски долари) како додаток за покривање на дополнителни трошоци, како што се сметки за греење и струја.

Една четвртина од вработените ја одбија понудата затоа што сакаа да работат во канцеларијата барем некое време, додека 5 проценти сакаат трајно да се вратат во канцелариите.

HSBC и другите британски банки почнаа да го намалуваат канцеларискиот простор, делумно поради тоа што вработените работат од дома, посочува Ројтерс.

Поврзани вести

Кинескиот крал на флашираната вода стана побогат од Ворен Бафет

Влатко Зорба

Петров: Компаниите да ја искористат мерката за поддршка од 14.500 денари по вработен

msp-admin

Дали преку ноќ треба да го гасите компјутерот кога работите од дома?

msp-admin