СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Италија од денес постепено ја отвора економијата

Во Италија, постепеното отворање на економијата стапува на сила денес, што значи дека баровите, рестораните, кината и концертните сали ќе бидат делумно отворени низ целата земја.

По неколкумесечни ограничувања воведени со цел справување со вториот и третиот бран на ковид-19, Италија се надева дека најновото олеснување на мерките ќе означи почеток на „нормално“ лето.

Од денес, три четвртини од италијанските региони ќе влезат во ниско ризична „жолта“ категорија, а на баровите и рестораните ќе им биде дозволено повторно да ги даваат своите услуги на отворено, како и во вечерните часови, иако полицискиот час од 22 часот останува во сила, пренесува „Франс 24“.

Сепак, многу Италијанци вчера ги преплавија улиците, плоштадите и парковите во градовите од Рим до Торино, од Милано до Неапол, ден пред да се намалат ограничувањата.

Препознавајќи ги ризиците, италијанското Министерство за внатрешни работи ѝ наложи на полицијата да се погрижи да се спроведе социјално дистанцирање и носење маски, со цел да се спречи нов скок на инфекцијата.

Од денес, меѓурегионалното патување ќе биде дозволено, за прв пат од есента, а бројот на луѓе кои можат истовремено да ги посетуваат пријателите и семејството ќе се удвои од два на четири.

Четирите јужни региони – Базиликата, Калабрија, Апулија и Сицилија – заедно со Аоста на север, остануваат под посилни ограничувања.

Поврзани вести

„Фиат Крајслер“ и „Пежо“ решија да не плаќаат дивиденди за 2019 година

msp-admin

Turkish Airlines прокнижи загуба од 315,9 милиони долари за три месеци

msp-admin

АЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден

msp-admin