13.8 C
Скопје
25 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„АстраЗенека“ со 275 милиони долари приходи од продажба на вакцини

„АстраЗенека“ соопшти дека доставила околу 68 милиони дози вакцина Ковид-19 во текот на првите три месеци од 2021 година, со приход од продажба од 275 милиони американски долари (околу 227 милиони евра) односно 4,04 долари (3,33 евра), по доза, пренесе агенцијата „Анадолија“.

„АстраЗенека“ се обврза да доставува вакцини на непрофитна основа сè додека трае пандемијата.

Компанијата соопшти дека 30 милиони дози вакцини отишле во Европската унија, 26 милиони во Велика Британија, седум милиони во „Гави Алијансата“, која обезбедува вакцини за земји со ниски примања и пет милиони во други земји.

Вакцините се развиени од истражувачи на Универзитетот Оксфорд, кои ја лиценцираа технологијата на „АстраЗенека“, во обид да ги искористат можностите за производство и дистрибуција на глобалното ниво на компанијата.

Овие широко користени вакцини се одобрени, меѓу другите, од регулаторите во Велика Британија, Европската унија, САД и Индија.

Загриженоста дека вакцините „АстраЗенека“ може да бидат поврзани со ретка појава на згрутчување на крвта, доведе некои земји да препорачаат да не се користат кај помлади луѓе.

Поврзани вести

„Јагуар Ленд Ровер“ отпушта 1.100 лица

msp-admin

Поради нападите од ЕУ, „АстраЗенека“ ги качува цените на вакцините?

Влатко Зорба

„Голдман Сакс“ ги зголеми прогнозите за цената на нафтата

Влатко Зорба