СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку е сега „тежок“ најбогатиот човек на светот?

Личните средства на извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, минатата недела ја надмина границата од 200 милијарди долари, пишува „Фокс Бизнис“.

Со тоа, лидерот на Амазон го засили водството на листата на најбогати луѓе во светот, пред главниот конкурент, шефот на Тесла, Елон Маск.

Со месеци двајцата се менуваа на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Сепак, во петокот, личното богатство на Безос изнесуваше 202,3 милијарди долари, според пресметките на Форбс.

Францускиот бизнисмен Бернард Арно е втората најбогата личност во светот со нето вредност од 182,8 милијарди, додека Маск е на третото место со „само“ 172,5 милијарди долари.

Основачот на „Амазон“ последен пат го надмина прагот од 200 милијарди долари минатиот август кога акциите на гигантот за интернет трговија достигнаа досега незамисливи височини поради скокот во продажбата преку Интернет предизвикана од последиците од пандемијата. Безос е најголемиот единствен акционер во „Амазон“.

Најновиот раст на богатството на Безос е резултат на добрите резултати во првиот квартал, објавени од „Амазон“. Продажбата на компанијата скокна за 44 проценти на над 108 милијарди долари, надминувајќи ги внатрешните очекувања.

Безос треба да се повлече од функцијата извршен директор во втората половина на оваа година.

Акциите на Амазон се зголемија за повеќе од девет проценти во 2021 година.

Поврзани вести

Над 300 матуранти се здобија со стипендии од Програмата за стипендии на МБУ, аплицирање до 25 септември

msp-admin

Германија во страв од економска парализа

Влатко Зорба

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство доби донација од „Жито Лукс“

msp-admin