СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогатите Американци под Бајден го зголемија своето богатство за 195 милијарди долари

Богатството на 100-те најбогати Американци во првите сто дена од претседателствувањето на Џо Бајден се зголеми за 195 милијарди долари, според Блумберг.

Вкупното богатство на 100-те најбогати граѓани на САД достигна 2,9 трилиони долари до 30 април, што е зголемување за 195 милијарди од инаугурацијата на Бајден на 20 јануари. Во исто време, богатството на 50% од граѓаните на САД со најниски примања е само 2,5 трилиони долари.

Главната причина за ваквото забележливо и брзо збогатување е растот на берзите како резултат на ширењето на вакцинацијата и надминувањето на пандемијата на коронавирус. Главните берзански индекси растат скоро континуирано од февруари, надминувајќи еден рекорд по друг. Индексот „Дау Џонс“ и „С & П 500“ пораснаа повеќе од 10% во текот на тие месеци.

Стимулативните мерки на Бајден и неговата масивна програма за вакцинирање поттикнаа брзо закрепнување, а со тоа и раст на берзите и богатството на најбогатите Американци. Сепак, слични позитивни трендови во САД се забележани во последните неколку недели од претседателскиот мандат на Доналд Трамп, а богатството на 100-те најбогати Американци порасна за 267 милијарди долари од 4 ноември 2020 година до инаугурацијата на Бајден.

Економијата на САД се опоравува побрзо од очекуваното. Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на БДП на САД од 6,4% оваа година.

Поврзани вести

Во Британија без бензински и дизел автомобили од 2030 година

msp-admin

Германија: Повеќе од милион работни места изгубени во 2020 година

Влатко Зорба

„АТС ГРОУП“ прва компанија од земјава која ќе биде дел од глобален престижен саем за воена опрема во ОАЕ

msp-admin