СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Blue Origin ги испраќа првите туристи на вселенски лет за два месеци

Blue Origin, вселенска компанија на милијардерот Џеф Безос, го планира својот прв суборбитален туристички лет со вселенското летало New Shepard на 20 јули, што ќе претставува пресвртна точка во конкуренцијата во приватното комерцијално патување во вселената.

Blue Origin оваа недела објави дека ќе понуди едно место на првиот лет на победникот на петнеделна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во фондација основана од вселенската компанија.

Вселенското летало „New Shepard“, кое е комбинација од ракета и капсула, автономно би превезувало шест патници на 100 километри над Земјата, што е доволна надморска височина за да се доживее неколку минути бестежинска состојба и да се види искривување на планетата пред да се врати капсулата под притисок до Земјата со падобран.

Капсулата има шест прозорци кои се трипати поголеми од оние на „Боинг 747“ и се најголемите досега користени во вселената.

„Погледот ќе биде спектакуларен“, рече директорот за продажба на Blue Origin, Аријан Корнел.

После тој лет од Тексас во јули, Blue Origin планира уште неколку летови до крајот на годината.

Корнел одби да ја открие цената на билетот, а во 2018 година беше спомената сума од најмалку 200 000 долари по билет.

Досега имало 569 луѓе во вселената.

Поврзани вести

Колемишевски: Преку PayPal, ќе овозможиме да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

msp-admin

Apple преговарал и со Nissan за својот автомобил

Влатко Зорба

„Еуромакс Рисорсес“ поднесе тужба до Управниот суд

msp-admin