СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки

Утринава до Претседателот на Влада доставено е барање со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност кон јавен повик за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки за угостителите кои беа затворени со одлука на влада од 5-ти април 2021 година,соопштија од Независната угостителска комора (НУК)

„На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка едни угостители да добијат финансиска поддршка други не само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност“, посочуваат денеска од НУК.

„Владата НЕ СМЕЕ да дозволи неправда со една одлука да ги затвори сите угостителски објекти, а со друга одлука да им овозможи неповратна финансиска поддршка само на дел од истите само затоа што законската регулатива не обврзува и не задолжува вршењето на угостителска дејност да биде исклучиво преку шифра на дејност 56 која се однесува за подготовка на оброци и служење на храна. Мерката од 6-тиот сет мора да поистоветува со презентираните начини на надомест на штетите за сите угостители и угостителски објекти кои беа затворени.

Факт е дека сите оние што претрпеле штета од одлуката со која беа затворени имаат еднакво право на оваа мерка со кој мора да има реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош на сите угостители и затекнати угостителски работници“, велат од Комората.

Поврзани вести

Започнува постапката за изведба на Клучката кај Момин Поток

Влатко Зорба

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

НУК бара средба со премиерот по вчерашната одлука за нови рестриктивни мерки

Ангела Веселиновска