СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Компанијата dm отвора дрогерии во Полска

Најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm drogerie markt, кој веќе има проширена мрежа во 13 европски земји, се подготвува за освојување на пазарот во Полска. Седиштето на компанијата ќе биде во градот Вроцлав (Wrocław), а наскоро се очекува и отворањето на првите продажни објекти ширум земјата.

„Во изминатите години нашите колеги од Австрија успешно го реализираа проширувањето на ланецот во повеќе од десет европски земји. Согласно ова, продолжуваме понатаму со отворање на првите dm дрогерии и во Полска. Внимателно го анализиравме пазарот и уверени сме дека и во оваа земја ќе успееме да ги инспирираме купувачите со својот асортиман и услуги”, изјави Кристоф Вернер, Претседател на Управниот одбор на dm во Германија.

За позиционирање и отворање на dm дрогериите во Полска одговорен ќе биде Маркус Тројански, Директор на секторот за експанзија и на dm дрогериите во Источна Германија. Како што истакнува тој, во тек е процес на селекција на вработени кои ќе работат во првите дрогерии во Полска, каде владее голем интерес за вработување во новиот дрогериски ланец во оваа земја.

„Голем број на колеги и колешки од Чешка и Германија, кои зборуваат полски и германски јазик, се заинтересирани за вработување во полските продавници на dm”, додаде Тројански.

Поврзани вести

Вештачката интелигенција извор на моќ за доминација во светот

Stefanija Kuzmanovska

Започнува исплатата на паричните права од социјална заштита

Влатко Зорба

Анѓушев, Бектеши и Реџепи на пуштањето во употреба на ТАНАП

Влатко Зорба