СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Бесими: Кризната година ја завршивме со 81 процент реализација на капиталните расходи

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека во Министерството  за финасии работат на план за финансирање на забрзан раст.

„Тоа значи дека покрај инвестиците кои ќе бидат од јавни односно од буџетски средства или задолжувања ќе има можност и за мобилизирање на приватниот капитал по примерот на Јункер планот каде што се предвидуваат и нови инструменти на привлекување средства од приватен капитал или приватни инвестициски фондови  со мултипликативен ефект да има поголем импакт врз економијата“, изјави Бесими за емисијата „24 анализа“.

Според него, годината на криза, потенцираше, ја завршивме со 81 процент реализација на капиталните расходи, што беше далеку подобро  од претходните години.
„Целта е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу 4 милијарди евра за периодот 2021-2025 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор“, додаде Бесими.

Поврзани вести

Netflix веќе нема да работи на овие уреди, погледнете дали сте засегнати

msp-admin

Овие компании се помоќни од цели држави

msp-admin

Ќе се продолжи ли рокот за исплата на 6000 денари ?

Берта Китинска