СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Интел инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови

Извршниот директор на Интел, Пат Гелсингер, објави дека оваа американска технолошка компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на двa нови погони за производство на чипови во САД.

„Го трасираме патот за нова ера на иновации и лидерство во производите на Интел“, рече Пат Геслингер, кој e на чело на компанијата околу еден месец, како гостин на телевизијата Си-Ен-Ен.

Целта на компаниите, посочува тој, е да ја потврдат својата позиција како неприкосновен лидер во индустријата за полупроводници, која според многу експерти ја изгуби во последните неколку години.

Акциите на Интел скокнаа за повеќе од 6,0 проценти на тргувањето во вторникот по затворањето на берзата, додека акциите на ривалската компанија АМД паднаа за над 2,0 проценти.

Интел, исто така, планира да основа нова деловна единица, „Intel Foundry Services“, која ќе произведува чипови дизајнирани од други компании.

Објавата доаѓа во време на глобален недостиг на чипови, што предизвика нарушувања во голем број индустрии – од автомобилската до индустријата за видео игри, забележува Си-Ен-Ен.

Доаѓа, исто така, скоро една година откако Интел понуди да и помогне на американската влада да го зголеми домашниот капацитет за производство на полупроводници, што според некои официјални претставници на САД ќе ја зајакне националната безбедност, бидејќи микрочиповите од последната генерација имаат клучна примена во воениот и одбранбениот сектор.

Ројтерс известува дека Интел ќе гради две нови фабрики за полупроводници во Аризона, кои „застанат на линија“ на азиските производители на чипови кои доминираат во овој сектор.

Целта на Интел е да го смени технолошкиот баланс на моќ во корист на САД и Европа, бидејќи претставниците на двата континента се загрижени за концентрацијата на производство на чипови во Тајван, со оглед на затегнатите односи што ги имаат со Кина, додава британската агенција.

Поврзани вести

„Државни патишта“: Нема навестувања за црни сценарија и отпуштање на градежните работници

msp-admin

НБМ и ФОД за Еуростандард банка: Штедачите до 30 000 евра ќе бидат обесштетени, исплатата ќе почне за 20 дена

Никола Поповски

Дали производителите на вакцини треба да бидат лишени од патентните права, за да можат сите да ги прават?

Влатко Зорба