СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Twitter наскоро ќе добие Super Followers опција

Минатата недела услугата за претплата на Twitter беше лансирана во САД и Канада и се чини дека компанијата не застанува тука кога станува збор за напорите за заработка на популарната услуга.

Џејн Манчун Вонг на својата сметка објави дека компанијата се подготвува да ја стави во функција следната платена функција, наречена Super Followers.

Опцијата е најавена од Twitter во февруари оваа година и им овозможува на корисниците да заработат од своите сметки на Твитер и да создаваат твитови, скриени зад платформата за претплатници. Претпоставка е дека Твитер ќе земе процент од оваа претплата.

Некои од условите, за да можат да создадат сметка за Super Followers, се корисникот да има најмалку 10.000 следбеници и да има објавено 25 твита во текот на претходните 30 дена.

Некои од карактеристиките што корисниците можат да им ги дадат на своите „Супер следбеници“ вклучуваат налепници и ознаки за да се издвојат од другите.

Во моментов, Твитер бара од корисниците што сакаат да создадат сметка за Super Followers да аплицираат, заедно со информации за тоа каква содржина создаваат, пред да се одобри сметката.

Поврзани вести

Платите во Германија на удар на пандемија во 2020 година

Влатко Зорба

Колемишевски: Процесот на добивање на картичката „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација

msp-admin

Нов проект во Норвешка вреден 325 милиони долари – тунел за бродови

Влатко Зорба