СТАНДАРД life
Шоубиз

Ева Лонгорија со одличен стајлинг ги истакна своите витки нозе

Ева Лонгорија уште еднаш покажа дека деловниот изглед без проблем може да се носи на црвениот тепих, па за премиерата на нејзиниот нов филм „Flamin’ Hot“ во Мадрид избра одличен костум во беж боја, под кој облече едноставна бела маичка

Како и за сите нејзини појавувања во јавноста, 48-годишната Ева Лонгорија и овој пат беше модерно непогрешлива. За црвениот тепих и премиерата на нејзиниот нов филм во Мадрид, таа избра одело во беж боја, а наместо панталони, убавата Ева облече мини здолниште кое ги истакна нејзините дефинирани нозе.

Иако ја делат само две години до нејзиниот 50-ти роденден, за Ева Лонгорија времето изгледа одамна престанало да тече, а откако стана мајка изгледа подобро од било кога.

Ева ЛонгоријаЕва ЛонгоријаЕва ЛонгоријаЕва Лонгорија

Беж бојата на костумот ја истакна нејзината исончана кожа, а под неа облече само обична бела маичка, заокружувајќи ја комбинацијата со златни мокасини со интересна потпетица.

Инаку, женските костуми се многу моќни парчиња за секоја модна комбинација – деловен стајлинг, вечерни излегувања, па дури и свадби – а годинава особено се носат обоените и предимензионирани јакни.

Оваа комбинација со мини здолниште навистина може да се носи со секаков вид обувки – од апостолки и сандали, до тениски чевли, slingback чевли или класични салонки, кои ќе ја издолжат фигурата.

Поврзани вести

Џенифер Лоренс за голата сцена во новиот филм: „Ниту една секунда не се двоумев“

Radmila Tasevska

📷Рајан Рејнолдс се фотошопираше на фотографија на Блејк Лајвли и Тејлор Свифт

Urednik

Семејството не се одвојува од Брус Вилис, откриени НОВИ ДЕТАЛИ за здравствената состојба на актерот

Urednik