СТАНДАРД life
Храна

Печено пилешко на селски начин

Состојки:

4-5 пилешки копани или 10 крилца

1 голема коцка путер

4-5 лажици масло

2 глави кромид

2 чешниња лук

2 печени пиперки од тегла

3 домати

2 компири

1 грст маслинки

1 морков

оригано

сол

црн пипер

црвен пипер

½ чаша бело вино

Подготовка:

Исечете го зеленчукот. Измијте го месото. Во длабок сад одмрзнете го путерот заедно со масло, за да не загори. Испржете го во нив кромидот заедно со месото. Откако месото ќе стане бело, а кромидот ќе стане проѕирен, додадете го и компирот. Промешајте постојано, за да не загорува.

По околу десетина минути префрлете се во длабока тава за печење. Додадете го остатокот од зеленчук. Зачинете со зачини по вкус и прелијте со виното. Печете го јадењето во загреана на 200 степени печка.

Поврзани вести

Традиционален рецепт за мексиканско бурито

Urednik

Печени ќофтиња: Одличен ручек за денот по Божиќ

Urednik

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ Крофни со сланина кои ќе го натераат секое куче среќно да мавта со опашот

Urednik