СТАНДАРД life
Балкан микс

На Џани му се слошило на сред настап, па завршил во болница: Се огласи неговата сопруга

Пејачот Радиша Трајковиќ Џани синоќа заврши во болница.

Како што пишува „Курир“, тој го прекина настапот во Белград, само половина час откако започна. Според информациите, тој почувствувал силна болка во стомакот, а подоцна извор за споменатите медиуми изјавил дека и шеќерот во крвта на пејачот му се покачил, а имал и други мачнини

Иако, според изворот, лекарите го советувале да остане во болница, тој излегол на своја одговорност, но утрово повторно му се слошило.

По ова сознание се огласила неговата сопруга Слаѓа која потврдила дека Џани навистина бил во болница.

„Бевме на одмор и кога се вративме му се слоши. Така е, моментално е во болница, уште ништо не знаеме. Со години има шеќер, тоа не е ништо ново, а деталите сè уште не ги знаеме“, изјави таа за „Курир“.

Поврзани вести

Хана и Грашо чекаат второ дете?

Urednik

Петиција за забрана на Дино Мерлин да одржува концерти во Србија

Urednik

ТАРА СИМОВ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА, ДРАСТИЧНО ОСЛАБНАТА: „Изгубив МНОГУ КРВ“

Radmila Tasevska