СТАНДАРД life
Здравје

Совршениот појадок за слабеење

Сакате да ослабете? И сакате да знаете која е најсоодветниот појадок за вас?

Појадок кој ви дава доволно енергија, но истовремено со тоа ви помага да слабеете.

Според диетолозите појадокот треба да ви обезбеди 25% од дневната доза на енергија … онака кажано за една жена во активна возраст појадокот треба да не надминува повеќе од 500 калории.

Еве и како да го структурирате појадокот, ако сте во процесот на слабеење: Никогаш не ограничувајте и не пропуштајте појадокот, не го заменувајте со кафе на нога или со неколку блокови чоколадо.

Примањето на храна двапати дневно може да ги попречи плановите за слабеење.

Второто задолжително правило е да избегнувате преработените храни и рафинирани шеќери – без бисквити, чоколадо, вафли, крофни и кроасани – богати со заситени масти и шеќери храна.

Еве ви неколку готови идеи за совршен појадок во режим на слабеење:

  1. Чаша чај или кафе, парче интегрален леб со шунка / чаден лосос, авокадо или јајце
  2. Овесни трици или јатки, или семиња чија со нискомаслен јогурт и грст плодови (банана, јаболко, боровинки)
  3. Семе чија со нискомаслен јогурт и грст боровинки
  4. чинии со овошје и чаша свежо исцеден сок од грејпфрут
  5. Смути од спанаќ, аспарагус, банана, киви, шумски плодови, семиња од чија
  6. Мусли со овошје и нискомаслен јогурт
  7. А ако се разбудите од волчји глад кон слатко, тогаш ви го нудиме слаткиот рецепт на фитнес инструкторката Кајли Итсинес – протеински шејк со путер од кикирики и банана … но по овој појадок не заборавајте да ја посетите салата за спорт подоцна во денот.

Поврзани вести

Дали сакате газирана вода? Експертите открија како таа влијае на нашето здравје

Radmila Tasevska

Напиток кој ќе ве препороди доколку останете без енергија

Radmila Tasevska

Што се случува кога имате настинка која никако да помине и кои се можните причини?

Radmila Tasevska