СТАНДАРД life
Стил

Ева Лонгорија во фустан кој гарантирано привлекува внимание

Ева Лонгорија во полн сјај ја покажа својата беспрекорна фигура во тесен фустан кој го избра да присуствува на Global Gift Foundation во Шпанија.

Ѕвездата на серијата „Домаќинки“, 48-годишната Ева Лонгорија, која неодамна сподели страстен бакнеж со својот сопруг Хозе Бастон на плажа, пристигна на розовиот тепих на хотелот „Дон Пепе“ каде се одржа гала забавата.

Инаку, Global Gift Foundation е филантропска непрофитна организација чија цел е да создаде позитивно влијание врз животот на децата, жените и семејствата кои имаат потреба, како што е наведено на официјалната веб-страница.

На гала забавата Ева ја покажа својата беспрекорна фигура во прекрасен црн фустан. Многу едноставниот, но впечатлив фустан особено го истакна заводливиот шлиц во пределот на деколтето. Фустанот на Ева претставуваше одлична комбинација на вечен и класичен црн фустан кој секогаш многу добро се наоѓа во гардероберот.

 

Поврзани вести

Ана Винтур предизвика хаос на модната недела во Њујорк

Urednik

Модниот стил на Ирина Шајк: Како да носите бели кошули ова лето по примерот на оваа позната дама?

Urednik

📷Сите зборуваат за чевлите на Џулија Робертс, а јасно е и зошто

Urednik