Неверојатно сочен и вкусен колач …
СОСТОЈКИ:
3 јајца
200 мл јогурт
10 лажици гриз
10 лажици брашно
5 лажици шеќер за тестото
200 гр шеќер за сируп
100 гр суво грозје
50 мл масло
1 прашок за печиво
100 гр мелени ореви
сок и кора од портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца со 5 лажици шеќер, додајте гриз и брашно со прашок за печиво, кора од портокал, суво грозје, масло и мелени ореви.
Сè добро изедначете. Може од горе да ставите малку сечкани ореви. Печете на 180-190 степени 30 минути да порумени.
Во тенџере ставете 200 гр шеќер, 200 мл вода и исцедете 1 портокал, додајте 1 ванилин шеќер, оставете неколку минути да врие па врелиот колач прелијте го и оставете го да впие.
Уживајте!