Нешто неочекувано, но целосно прилагодено на ова топло време.
За подготовка на витамински сок од рибизла, потребно е:
1 килограм рибизли
1 килограм шеќер
1 лимон или пола лимонтус
Подготовка:
Рибизлите добро измијте ги и отстранете ги петелките, па добро со рацете изгмечете ги. Исцедете лимон, па додадете го во рибизлите. Покријте ги и оставете ги неколку часа, а потоа добро исцедете ги.
Измерете го чистиот сок, па на литар чист сок додадете малку вода, околу 300 милилитри, па додадете шеќер. На литар сок се додава 1 килограм шеќер.
Ставете го на шпорет да проврие, па соберете ја пената. Оставете го минута до две да врие, па врелиот сок истурете го во шишиња и затворете ги со метален капак. Ако сакате подолго да трае, пастеризирајте го.
Вклучете ја рерната на 90 степени, ставете ги шишињата и нека отстојат 90 минути во рерна.
Ако направите помала количина, доволно е да ја истурите во топли шишиња, добро затворете и изладениот сок ставете го во фрижидер.
Со коцки мраз, сокот е многу освежувачки и многу здрав!