На жените им се попривлечни лошите момци отколку оние добрите коишто се понежни и повнимателни. Тоа е така затоа што нив ги гледаат како попасивни и помалку возбудливи – открива истражувањето на универзитетот Британска Колумбија во Канада.
Кога се работи за нагонската телесна привлечност, оние замислени, склони кон чести промени на расположението и арогантни мажи ќе имаат повеќе шанси за успех кај жените, барем при првиот впечаток – објаснуваат научниците. Оваа сексуална привлечност се објаснува и со ефектот на „забранетото овошје“.
Ликовите како Роберт Патисон, Џејмс Дин, Колин Фарел, Роби Вилијамс и други, претставуваат голем предизвик за жените коишто на некој начин сакаат да ги освојат и да ги покорат – објаснуваат психолозите.
„За поголемиот дел од жените менувањето на партнерот претставува силен мотив во љубовта, па така жените сакаат тој да биде фраер во друштвото, а маза само со неа“ – вели психологот Неха Пател.
Врската со таков маж е како живот на работ, адреналинско патување со интензивни чувства, без разлика дали се тие среќни или тажни. Но, имајќи предвид дека поголемиот дел од жените сепак сфаќаат дека таквата љубов не донесува среќа и исполнување, такви момци бираат најчесто помладите девојки, без доволно љубовно искуство – вели Пател.
Епа девојки, ако досега ништо не сте научиле од илјадниците филмови на оваа тема, слободно трескајте се по локалниот фраер.