Легендарниот Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули пред пет години, а многумина се уште се прашуваат зошто три децении не сакал да пее во Белград. Тој беше истакнат пејач и композитор, запаметен по неговиот карактеристичен глас и безвременските балади кои не познаваа јазик, религија или националност.
Кариерата ја започнал како тинејџер, а вистинска слава стекнал како член на групата „Море“ во седумдесеттите. Потоа следеше соло кариера и пат до музичкиот врв.
Драгојевиќ зад себе остави над 20 албуми и хитови за сите времиња, како „Pismo moja“, „Molitva za Magdalenu“, „Cesarica“, „U ljubav vjere nemam“, „Trag u bekskraju“, „Nocutrno“, „Bez tebe“, „Šta to bješe ljubav“, „Moj lipi anđele“…
Тој не беше само талентиран музичар, туку и симбол на заедницата и љубовта кон музиката. Неговите концерти и настапи собраа публика од сите генерации, а неговиот оптимизам и позитивна енергија секогаш се пренесуваше на неговите обожаватели.
Но, остана прашањето зошто три децении не настапуваше во Белград? Давал интервјуа за медиуми од Србија, Радио-телевизијата на Србија во Сплит сними емисија за него. Кога во таа прилика го прашале зошто не сака да оди во Белград, тој кратко одговорил дека приказната е завршена.
По смртта на Оливер, неговата сопруга Весна Драгојевиќ проговори за темата која со децении ја заинтригира јавноста и откри зошто Оливер не дошол во Србија.
„Кога беше бомбардиран Дубровник, моето семејство дојде во Сплит. Гледавме видеа од запалени бродови во Дубровник и таму беше бродот на татко ми. Тоа беше голем брод од 10 метри што татко ми почна да го гради кога јас бев на училиште. Тој го потрошил целиот свој живот градејќи го и се викал Копакабана. И тогаш татко ми на телевизија виде дека неговиот брод гори. Тој почна да плаче и да плаче, а тогаш Оливер му рекол: „Миљенко, не се грижи за ништо. Работев многу таму, милион пати бев, ако те утеши, никогаш повеќе нема да пеам таму“, раскажала Весна и додала дека тоа е единствената реченица што нејзиниот покоен сопруг ја кажал за Србија, пренесе црногорскиот портал „CDM“.