Бидејќи приближно еден од 2-3 Американци ќе доживеат когнитивно оштетување по 70-тата година од животот, разбирливо е дека наоѓањето начини за одржување на здравјето на мозокот е главен приоритет за многумина. А еден начин да го направите тоа е со намалување на некои од најлошите намирници за здравјето на мозокот.
„Одржувањето на оптимално здравје на мозокот значи минимизирање на воспалението и изложеноста на токсини“, објаснува неврологот Дејл Бредесен за Eat This. Тој додава дека внесувањето на одредени намирници му штети на здравјето на нашиот мозок, а една од нив е особено опасна и препорачува што повеќе да ја избегнуваме. Се работи за пржена храна.
„Се што е длабоко пржено сигурно има добар вкус. И тоа задоволувачко крцкање во кое уживате откако ќе ја гризнете пржената храна е нешто што тешко се заменува. Но, честото јадење пржена храна, како пржено пилешко, не му прави услуга на вашиот мозок. Резултатите од мета-анализата објавена во American Journal of Clinical Nutrition покажаа врска помеѓу поголем внес на пржена храна и зголемен ризик од когнитивни здравствени проблеми. Ако не можете без малку крцкаво месо од пилешкото, обидете се да го печете наместо да го пржите“, препорачува Eat This.
Споменатиот портал објави уште шест видови на храна кои треба да ги избегнувате доколку се грижите за здравјето на вашиот мозок, а тоа се гумени бонбони, сабјарка, виршли, брза храна, крофни и бисквити.