СТАНДАРД life
Стил

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Иако неодамна беше објавено дека славната двојка, актерите Софија Вергара и впечатливиот Џо Манганиело, се разведуваат по седум и пол години брак, што ги шокираше сите, убавата ѕвезда од „Модерно семејство“ родена во Колумбија не падна со духот.

Наместо тоа, прецизно облечена во предизвикувачка комбинација од горен дел без прерамки и соодветни панталони од брендот Retrofete и многу високи потпетици, згодната 51-годишна дама се упати кон калифорнискиот Инглвуд на концертот на Тејлор Свифт како дел од нејзината турнеја „Eras“, придружувана од „кралицата на веѓите“, Анастасија Соаре, сопственичка на познатиот салон Anastasia Beverly Hills, каде што многу холивудски ѕвезди ги средуваат своите веѓи.

Инаку, како што се пишуваше, парот потпишал предбрачен договор кој наводно вреди 100 милиони долари. Тој договор дошол на иницијатива на актерката која на овој начин сакала да го заштити својот имот, а Џо немал проблем со тој предлог.

Поврзани вести

📸ОВОЈ ФУСТАН Е ТЕМА БР.1 ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Чини над 2.000 долари, а најуспешната жена направи да изгледа УШТЕ ПОСКАП

Urednik

Корсет во преден план: Сара Џесика Паркер го привлече вниманието со заводливиот стајлинг

Urednik

📸Сè и стои: Лежерниот изглед е совршен за убавата Русинка

Urednik