СТАНДАРД life
Шоубиз

Џорџина позираше за светски бренд, доби позитивни коментари од холивудска актерка

Партнерката на Роналдо, Џорџина Родригез (29) полека но сигурно гради сопствена империја. По излегувањето на реалното шоу „Soy Georgina“, сите очи се вперени во атрактивната Шпанја, која стана заштитно лице на многу светски брендови.

Така Џорџина се најде на големата реклама за модниот бренд Guess, која во трговскиот центар ја забележала познатата актерка Ева Лонгорија.

– Убава! – напиша Ева на својата инстаграм приказна покрај постерот на Џорџина.

Џорџина Родригез
Џорџина Родригез

Ева и Џорџина се добри пријателки, откако се дружеа на Канскиот филмски фестивал.

Познатите дами се фотографираа заедно, а Џорџина покрај фотографијата со поранешната „Домаќинка“ напиша: „Инспирација. Нема поубав од неа“.

Да потсетиме, Џорџина неодамна се појави на постер за саудиска линија парфеми, што го налути локалното население.

– Оваа голотија треба да се отстрани – можеа да се прочитаат доста коментари на социјалните мрежи, иако Шпанката не покажа ни приближно толку колку што покажува на своите социјални мрежи.

Поврзани вести

Светски познатниот диџеј Блек Кофи доаѓа на 19 јуни во Скопје!

Urednik

Ана де Армас го откри своето правило за убавина кое може да ги налути мајките и бабите

Urednik

Дали го знаете вистинското име на Ирина Шајк?

Radmila Tasevska