СТАНДАРД life
Шоубиз

(ФОТО) Џеј Ло повторно фасцинира со завидната линија во бикини

За витката линија и впечатливите стомачни мускули на Џенифер Лопез веќе се е кажано, но секогаш кога холивудската икона ќе се пофали со своето тело во бикини, фановите ширум светот не можат да го сокријат воодушевувањето проследено со бројни коментари.

Така беше и денеска кога на својот Инстаграм профил, Џеј Ло сподели фотографија на која позира во шик бел костим за капење кој целосно ја истакна убавината на нејзината беспрекорна линија на 54-годишна возраст.

Освен што ги полни батериите на гламурозниот одмор, изгледа дека посетата на Европа ја искористила и за бизнис, бидејќи оваа фотографија е направена за да го промовира својот алкохолен пијалок „Делола“ на брегот на Амалфи.

Да потсетиме, таа вчера беше снимена како ужива во локални деликатеси во друштво на пријатели на јахта, додека ден претходно „шопингуваше“ во Париз.

Поврзани вести

Огњен Амиџиќ стана татко по третпат, неговата убава сопруга Мина роди ќерка!

Urednik

Еди Марфи по 30 години повторно ќе глуми во „Полицаец од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska

Снуп Дог тужи голем трговски синџир: „Намерно ги криеја моите житарки и тврдеа дека ги продале“

Radmila Tasevska