СТАНДАРД life
Шоубиз

Нова порака за поддршка на болната Селин Дион: „Се молам за неа…“

Кон крајот на минатата година, Селин Дион ги шокираше и ги загрижи своите многубројни фанови со тоа што објави дека и е дијагностициран синдром Stiff Person (SPS), поради што нејзините мускули неконтролирано се грчат.

Петкратната добитничка на Греми, Шанаја Твеин е меѓу многуте познати личности кои и даваат поддршка.

„Мора да е страшно што таа не може да настапи. Јас сум голем обожавател на нејзиниот глас. Таа е уникатна пејачка и забавувачка“, рече 57-годишната кантри музичарка и продолжи:

„Се надевам дека ќе можам да стапам во контакт со неа и да ја поддржам. Се молам да успее да ја победи болеста и наскоро да ја видиме како настапува на светските сцени“.

Твеин нагласи дека од сопствено искуство знае низ колку тешко поминува Селин Дион бидејќи имала оштетување на нервите на гласните жици откако се заразила со Лајмска болест во 2003 година и подоцна била оперирана за да може повторно да настапува.

„Операцијата беше многу инвазивна и имам голема лузна на која се гордеам. Враќањето во студио по операцијата беше предизвик и повторно учев да го користам гласот“, изјави Шанаја во популарното шоу „The Graham Norton Show“.

Селин Дион моментално е на лекување, а на крајот на мај беше принудена да ги откаже сите преостанати концерти од светската турнеја „Courage“.

Поврзани вести

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро јас да готвам, таа може да не убие сите

Urednik

📽📷Хајди Клум (50) и нејзината ќерка (19) позираа заедно во црвена долна облека

Urednik

Рамбо стигна во Ватикан: Сталоне со семејството на прием кај папата

Urednik