Српската пејачка Јелена Карлеуша деновиве е во фокусот на јавноста поради новиот албум „Алфа“ кој го објави на 13 август, а со кој како што најави ги помести границите. Додека броеше милиони прегледи на Јутјуб, таа покажа и како изгледа нејзината блокирана листа на Инстаграм.
Милица Павловиќ, со која го сними дуетот „Машала“, веќе откри како било да се соработува со поп-ѕвездата, а Јелена деновиве напорно работи на промоцијата на своите песни кои ги најави како „крај на светот“.
Една од песните што се појави на нејзиниот нов албум кој се чекаше десет години се вика „Блок“, па за подобар маркетинг на песната Карлеуша ја објави нејзината листа на блокирани профили на Инстаграм.
„Која е вашата омилена песна од албумот „Алфа“? Мојата дефинитивно е „Блок“. Често ја посетувам блок листата само за да видам како се мачат“, напиша Јелена.
View this post on Instagram