СТАНДАРД life
Шоубиз

Ријана повторно се породи во тајност: Раѓањето на бебето се криело со недели, а сега се знае и полот

Семејството на Ријана и АСАП Роки е поголемо за уште еден член. Според TMZ, нивното второ бебе пристигнало на 3-ти август во Лос Анџелес. Името на детето се уште не е познато, но се знае дека почнува на буквата „Р“ и дека се работи за момче.

Ријана последен пат беше видена во јавноста во јуни, а таа и АСАП Роки уживаа во патувањето и покрај нејзината поодмината бременост.

Да потсетиме дека Ријана ја објави својата втора бременост во февруари, за време на настапот на полувремето на Супер Боул. Тогаш РиРи го покажа трудничкиот стомак на општо изненадување на милиони гледачи ширум светот.

Ријана и Роки го дочекаа своето прво заедничко дете на 13 мај 2022 година и го нарекоа малото момче РЗА Ателстон Мајерс по познатиот водач на Ву-Танг клан. Сега малиот стана горд постар брат.

Поврзани вести

Снуп Дог ги прозва Греми затоа што никогаш не освоил награда

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Метју Меконахи и синот Леви во нов проект – испраќаат залихи за жителите на Мауи

Urednik

Адел конечно ги потврди шпекулациите? Во шоуто на нејзиниот пријател изјавила дека неодамна се омажила

Radmila Tasevska