По само три години брак и седум години бракоразводна постапка, конечно е финализиран разводот на Хали Бери и Оливие Мартинез.
Иако парот потпишал предбрачен договор пред да се венчаат, на патот наишле на различни проблеми кои требало да се решат за да се распушти бракот. Дополнително, мораше да се реши и прашањето за старателството над нивниот син.
„Одиме напред со љубов и почит еден кон друг и заеднички фокус на она што е најдобро за нашиот син. Не си посакуваме ништо друго освен среќа во животот и се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност и што е најважно на нашите деца додека минуваме низ овој тежок период“, напишаа на социјалните мрежи кога ја објавија веста за разводот.
Нивната љубов се родила на сетот на „Dark Tide“, кој се снимаше во Јужна Африка во 2010 година, а нивната љубовна врска резултираше со свршувачка само две години откако се запознаа, а нивниот син Мејс се роди три месеци по венчавката.
Токму нивниот заеднички син и прашањето за алиментацијата и старателството е причината зошто нивниот развод траеше толку долго, но поранешните сопружници сега донесоа одлука 9-годишното момче да биде најзадоволно од одлуката на судот.
Бери и Мартинез сега имаат заедничко правно и физичко старателство над Мејс, а популарната актерка мора да плаќа неверојатни 8.000 долари месечно со здравственото осигурување, терапијата и школските трошоци на Мејс.
Покрај Мејс, актерката има и ќерка Нала со канадскиот модел Габриел Обри, со кој го дели старателството над Нала, иако претходно имаа жестоки расправии кои понекогаш резултираа и со физичко насилство, поради што Обри имаше забрана за приближување до актерката некое време.
Бери сега е во врска со музичарот Ван Хант, а на Инстаграм често објавува моменти од нивната тригодишна романса.