Секој ајвар е добар, а овој феноменален. Парчињата пиперка што ќе ги почувствувате во уста ќе ве натераат да јадете се повеќе… Ајварот од сечкани пиперки се подготвува двојно побрзо и едноставно:
Состојки:
* 15 кг домашна месна пиперка
* 2 кг домати
* 1,5 dl масло
* 1 дл оцет
* 2 главици лук
* 2-3 китки магдонос
* Сол
* малку шеќер
Подготовка:
Испечете ги пиперките претходниот ден и оставете ги да се изладат и исцедат. Следниот ден излупете ги, со раце искинете ги на ленти пошироки или потесни по желба.
Во поголемо тенџере се ставаат пиперките и излупените и сечкани домати и се варат на силен оган додека смесата не стане густа како џем.
Потоа се додаваат оцетот, маслото, солта, шеќерот, сечканиот лук и магдоносот.
Мешајте половина час и готовиот ајвар истурете го во стерилизирани тегли, ставете ги капаците и покријте ги со ќебе за целосно да се изладат.
После тоа, ставете ги во оставата или подрумот.
На здравје!