СТАНДАРД life
Здравје

Ако сте на работ на дијабетес, ова е најдобрата храна што можете да ја јадете

Добро е познато дека храната што ја внесуваме во организмот има големо влијание врз нашето целокупно здравје. Меѓу другото, храната што ја јадеме може буквално да го подобри, но и да го загрози нашето здравје, поради што е важно да внимаваме што и колку често консумираме.

Како што објави „Eat This“, постојат одредени намирници за кои диететичарите тврдат дека треба да ги консумираме што почесто, особено ако сме на работ на дијабетес.

Дијабетесот е сериозна состојба поради која нивото на шеќер во крвта е превисоко и го менува нашиот живот од темел. За да ги спречиме последиците од оваа состојба, диететичарите тврдат дека во секојдневната исхрана треба да ги вклучиме следните намирници.

Тоа се:

* киноа
* мешунки
* ореви
* сладок компир
* овесна каша
* зелен лиснат зеленчук
* туна
* лук
* морков
* црвен кромид

Исто така, има храна што луѓето со зголемен ризик од дијабетес треба да ја избегнуваат колку што е можно повеќе, а тоа се сол, млечни производи кои содржат висок процент на масти, бел леб, тестенини, пржена храна, суво месо, засладени сокови, енергетски пијалоци, конзервиран зеленчук, колачи, слатки и алкохол.

Поврзани вести

Три знаци во устата кои можат да сигнализираат за недостаток на витамин Б12

Urednik

Најдобар пијалок за мамурлак за ублажување на мачнината

Urednik

Диететичар споделува идеи за закуски кои го намалуваат стресот на празниците

Urednik