СТАНДАРД life
Шоубиз

„Крај на летото со последното капење“: Бекам се прости од Хрватска

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам реши максимално да ужива во последниот ден од одморот во Хрватска, а тоа го докажа со фотографија на која позира без маица, на воодушевување на бројните фанови.

48-годишната фудбалска легенда на социјалните мрежи сподели фотографија од одморот со опис: „Крај на летото со последното капење“. На фотографијата тој позира со извајаното телото пред да го направи последното капење.

Бекам носи само зелени гаќички за капење и црни очила за сонце додека позирал на карпа со поглед кон морето.

Дејвид Бекам
Дејвид Бекам

Тој сподели и фотографија од синот Круз Бекам како свири на гитара, како и неколку фотографии од неговата вечера во ресторанот Гастро Маре во Кобаш, кој се наоѓа на околу час и половина возење од Дубровник.

Дејвид Бекам
Дејвид Бекам

Поврзани вести

Роберт Патинсон ја запроси својата бремена девојка: „Едвај чека да стане татко, возбудени се“

Urednik

Ѕвезда на „Беверли Хилс“ порасна во луксуз, а сега живее со своите деца во кампер

Urednik

Мадона блесна во природно издание, сликана додека вози велосипед (ФОТО)

Radmila Tasevska