СТАНДАРД life
Здравје

Поради оваа лоша вечерна навика не можеме да имаме тенок струк, велат диететичарите

ИАКО не е новост дека консумирањето газирани пијалоци не е добро за нашето здравје, истражувањето објавено во 2021 година во Американското списание на Американското здружение за геријатрија покажа дека прекумерното консумирање на овој пијалок е поштетно отколку што се мислеше.

Посебно е штетно ако тоа го правиме навечер пред спиење, пренесe Yahoo.

По големо истражување, научниците дошле до заклучок кој може да биде лоша вест за сите оние кои сакаат газирани пијалоци. Имено, луѓето кои редовно ги пиеле овие пијалоци во период од девет години, најчесто навечер, имале дури три пати повеќе сало на стомакот од оние кои воопшто не ги консумирале или тоа го правеле само повремено.

Диететичарите исто така нагласуваат дека, покрај изборот на храна и пијалоци што ги консумираме секојдневно, на тоа колку се дефинираат нашите стомачни мускули влијаат и многу други фактори како што се генетиката, вежбањето и хормоналните промени.

Поврзани вести

„Вака го преживувам умирањето“: Потресна исповед на Ведрана Рудан од болничкиот кревет

Urednik

Кога лошиот здив е знак дека треба да посетиме лекар?

Urednik

Знаци на висок холестерол што може да се забележат на стапалата: Не ги игнорирајте

Radmila Tasevska