Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина имаат две ќерки кои му прават вистински неволји кога почнува учебната година.
– Полека се враќаме во нормала. Немав многу време за уживање во текот на летото, се надевам дека во октомври ќе одам на заслужен одмор. Децата тргнаа на училиште, а ние се враќаме на истата патека – започна Сергеј за српски „Курир“.
– Најмногу им помагам со креативни теми, уметност и музика, таму сум најдобар. Бегам на другата страна, не можам да се занимавам со тоа, секогаш коментирам: „Јас завршив со школувањето, сега загрејте го малку столчето“.
Пејачот се гледа дотеран на секој настан, а неговата сопруга му помага да избере облека за свечени пригоди.
– Брзо и лесно ми е, не трошам многу време размислувајќи што ќе облечам. Единствено ми е важно да се чувствувам удобно во таа облека. Понекогаш на сопругата не и се по мерак комбинациите, па додека не ја најдам вистинската не излегувам од дома – низ насмевка истакна тој мислејќи на трошењето пари.
– Не сакам да пазарувам овде, но во странство, да, имам чевли како стоногалка. Парите се трошат, тешко се заработуваат и не треба да се расфрлаат, тоа се трудам да ги научам моите деца. Кога човек ќе почне сам да заработува, треба да води сметка каде одат парите – рече тој.