СТАНДАРД life
Балкан микс

Колку треба да потрошите ако сакате познати балкански пејачи на вашата свадба? Една ги руши сите рекорди…

Познатите пејачки се повеќе се свртуваат кон приватни ангажмани и настапи на свадби за да заработат екстра пари.

Покрај концертите во арените и на разни фестивали и настани, голем број музичари на Балканот се свртуваат кон свирки на свадби.

За младенците музиката е исклучително важен сегмент за нивниот најважен ден во животот, па некои одлучуваат да ангажираат познати пејачи.

За многу пејачи свадбите се дополнителен извор на заработка, а некои од нив собираат вистинско богатство за своите настапи.

На пример, Петар Грашо наплаќа 2.000 евра за десет минути настап.

За настапот на регионалната фолк ѕвезда Неда Украден треба да се издвојат 5.000 евра.

Маја Шупут за своите настапи наплаќа 8.000 евра.

Ако го сакате Халид Бешлиќ на вашата свадба, ќе треба да потрошите дури 10.000 евра, а истата сума е и за Тони Цетински.

Сепак, рекордерка секако е пејачката Лепа Брена која за својот настап бара неверојатни 30.000 евра.

Поврзани вести

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ ја откри причината зошто 3 децении не сакал да пее во Белград

Urednik

„Не можев да и дадам чевли затоа што не оди, ниту книга – затоа што не гледа“: Болната вистина зад стиховите на една од најтажните песни на Дино Мерлин (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Поради напорното темпо, Пријовиќ заврши на инфузија: „Мислев дека нема да издржам“.

Urednik