СТАНДАРД life
Балкан микс

Алка Вуица (62): „Верувам дека ме чека мојата вистинска љубов“

Неодамна хрватската пејачка Алка Вуица (62) раскажа како лесно се заљубува, но и како досега немала многу среќа во љубовта. Пејачката сега призна дека искрено сакала повеќе од еднаш, пишува ИН Магазин.

– Мислам дека можеш да сакаш повеќе од еднаш, но секој пат е различен. Веројатно на крајот од животот знаеш која е најголемата љубов и знаеш како да откриеш дека си згрешила – рекла Вуица, а потоа додала:

– Сега се повеќе се сомневам во некои мои љубови и тежнеам да верувам дека ме чека мојата вистинска љубов! – заклучи таа.

Алка неодамна призна дека досега немала среќа во љубовта и дека имало денови кога многу страдала.

– Имам љубовна природа. Секогаш мислам дека сè е доживотно и секогаш се заљубував доживотно, но навистина не бев толку среќна во љубовта – изјавила таа.

Инаку, пејачката претходно призна дека сите момци во кои била заљубена и го скршиле срцето.

-Можеби беше мојата карма, што немам среќна љубов за да можам да ги напишам сите овие песни, можеби Господ така одлучил за мене, можеби јас сум крива, можеби сум сакала премногу, премногу барав, немам идеја. Денес, од оваа дистанца, некои работи сигурно би ги направила поинаку. Да речеме, веднаш би се омажила за својата прва љубов од школските денови, поречанец. Во денешно време кога го гледам треперам. Тој нема поим за тоа. Тој е оженет и речиси веќе има внуци, добри пријатели сме – изјави таа за ИН Магазин.

Да потсетиме, уметникот Вук Величковиќ беше голема љубов на Алка, со него го има синот Аријан со кој одлично се сложува, а неодамна заедно го посетија Париз.

– Врската меѓу мене и Вук не функционираше бидејќи бевме млади и постојано разделени. Тој живееше во Париз, јас живеев во Хрватска разорена од војна. Сепак, јас и Вук имаме прекрасна врска. Го сакам и знам дека ме сака затоа што е татко на мојот син – изјави таа во една прилика.

Алка Вуица сподели тажна вест

Поврзани вести

📸 Рака под рака, одлично координирани во модата: Цеца и Анастасија маѓепсаа на премиерата на филмот „Недеља“

Radmila Tasevska

Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

Urednik

ВО ТРЕНД! Александра Пријовиќ во топ издание, покажа колку е згодна!

Radmila Tasevska