СТАНДАРД life
Балкан микс

Алка Вуица сподели тажна вест

Хрватската пејачка Алка Вуица преку социјалните мрежи сподели тажна вест дека нејзината мајка Зденка починала синоќа.

Заедно со оваа порака, познатата хрватска кантавторка, поетеса и пејачка сподели и црно-бела фотографија од нејзината мајка од младоста, а набрзо почнаа да пристигнуваат пораки со сочувство.

„Драга Алка, некоја љубов никогаш не згаснува, таа ќе биде твој ангел чувар, прими го моето искрено сочувство во име на моето семејство и мене“, напиша познатата хрватска претприемачка Сњежана Шилингер, на крајот од другите коментари.

Алка Вуица претходно ја истакнуваше својата блиска врска со нејзината мајка споделувајќи среќни моменти на социјалните мрежи, како што беше патувањето во Истра минатата година.

Поврзани вести

Ова е единствената заедничка фотографија на Александра Пријовиќ и Филип од концертот во Арена: Позираа насмеани по настапот

Radmila Tasevska

ПРЕСКАП СТАЈЛИНГ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: 130.000 евра накит, 1.000 евра сандали, злато и дијаманти НАСЕКАДЕ

Radmila Tasevska

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska