20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Ги красеше сите роденденски прослави, децата ја обожаваа, а најголемата предност и е што не треба да се пече и е готова за само 45 минути.

„Песок“ тортата е една од најпознатите која се прави без печење, а оваа кремаста комбинација со бисквити, кокос и јаткасти плодови беше една од омилените задоволства во поранешна Југославија и особено ја сакаа децата.

Состојки:

• 1 литар млеко
• 130 гр шеќер
• 4 пудинзи од ванила
• 200гр путер на собна температура
• 120 гр шеќер во прав
• 150 гр мелен бисквит
• 120 гр кокос
• 170 гр мелени ореви

За глазурата:

• 50 гр млечна чоколада
• 50 гр темно чоколадо
• 100 мл слатка павлака

Подготовка:

Во 250 мл млеко измешајте ги пудинзите, а остатокот од млекото сварете го со шеќерот. Кога млекото ќе зоврие додадете ја смесата за пудинг, промешајте и варете уште еднаш да зоврие. Покријте ја смесата со проѕирна фолија и оставете ја целосно да се излади.

Се матат путерот и шеќерот во прав да станат пена и се додаваат во изладената смеса за пудинг. Се добро измешајте и кремот поделете го на три дела. Во едниот крем додадете мелени бисквити, во вториот кокос, а во третиот ореви.

Во калапот распоредете ги кремовите – прво оној со бисквитите, па со кокосот и на крај кремот од ореви. Ставете во фрижидер најмалку два часа.

Направете ја глазурата така што ќе ги измешате чоколадото и кремот на средна температура додека не се растопат.

На крајот нежно прелијте преку кремот и вратете го колачот да се излади додека не се стегне глазурата.

На здравје!

Поврзани вести

Посен намаз од туна!

Urednik

Направете си мајонез, ќе го добиете омилениот прилог

Urednik

Рецепт за „паметен“ пијалок

Urednik